Утрински Весник
Македонија

Филипче му ја честита победата на Милановиќ

Venkosdsm2 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му ја честита убедливата победа на Зоран Милановиќ во вториот круг од претседателските избори во Хрватска.

„Неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуваат социјалдемократските вредности. Сигурен сум дека Зоран ќе продолжи да ја води Хрватска во правилна насока, обезбедувајќи напредок, стабилност и развој за своите граѓани.


Му посакувам успешен мандат и се надевам на успешна соработка меѓу нашите две партии и на зајакнување на односите меѓу нашите две пријателски земји,” истакна Филипче.

СДСМ верува дека оваа победа е значаен чекор напред за социјалдемократските вредности во регионот и Европа.


Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница