Утрински Весник
Македонија

Филипче: Мора да ги вреднуваме нашите поддржувачи и членови

D4363a51 Ebd2 40c4 8c34 A5ae884afc5d.jpg

Членството бара поголемо присуство, комуникација и координација на новото раководство и пратениците со членовите, ова го истакна доктор Венко Филипче по вчерашната средба со членови и активисти на СДСМ, во Неготино.

„Членовите бараат пред се поголемо присуство, комуникација и координација на новото раководство и пратениците со членовите. Ова бил и ќе биде мој начин на работа и практикување на политиката. Единство се постигнува само со почитување на мислењата на другите, со многу работа и трпеливо градење на доверба. Мора да ги вреднуваме нашите поддржувачи и овозможиме нивно активно учество во градењето на политиките. Нивната стручност и посветеност треба да се единствено мерило за напредување во партиските органи“-рече доктор Филипче.

Филипче на средбата информираше дека отворањето на регионалните канцеларии е во тек.

„Како иден пратеник таму ќе имам редовни средби и тематски дискусии со граѓаните за креирање на политики. Нашето социјалдемократско семејство подразбира соработка и обединување на мноштво поединци и групи кои веруваат во идеалите на социјалдемократијата, слободата, правдата и еднаквоста“-рече д-р Филипче.

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете