Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

Image 2025 10 10 204752575.png
Img 7972

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никакви резултати зад себе, па затоа се служат со лаги, спинови и напади врз опозицијата.

„Го гледам Мицкоски, од уста не ме вади во оваа кампања. Човекот изгледа не може да сфати дека е на власт и дека треба да промовира што направил, а не да се занимава со опозицијата. Секој ден нова измислена афера по стариот терк, но сега веќе никој не му верува.  Кога немаш ниту едно дело, останува само да плукаш. На Мицкоски треба да му биде едно јасно: граѓаните не живеат од неговата пропаганда”, порача д-р Филипче.


Претседателот на СДСМ истакна дека граѓаните веќе ја препознаваат неспособноста на актуелната власт и дека секојдневно се чувствуваат последиците од погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој им порача на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Мицкоски дека граѓаните очекуваат резултати и решенија, а не јалоби напади и пропаганда, бидејќи тоа не носи храна и не ги плаќа сметките на граѓаните.

„Неговите јалови напади не носат храна на масата и не плаќаат сметки. Граѓаните бараат решенија, бараат достоинствен приход, бараат јасна иднина напред. Бараат луѓе кои ќе си ја вршат работата за која се платени. Времето на обвинувања кон опозицијата им заврши – ама тоа никако да го прифатат”, порача д-р Филипче.

Во своето обраќање, тој истакна дека овие избори се историски важни не само за СДСМ, туку и за целата држава, бидејќи народот има можност да испрати силна порака против ароганцијата и самоволието на власта.

„На овие избори имаме шанса да испратиме силна порака до овие арогантни луѓе кои ја преземаа власта – дека народот не се предава и не молчи. Дека не може да прават што сакаат. Да испратиме силна порака дека социјалдемократијата живее и дека од овие избори започнува падот на оваа ненародна власт која изгуби контакт со реалноста”, нагласи Филипче.

Филипче додаде дека СДСМ останува чувар на граѓанските вредности и демократијата и дека партијата ќе продолжи да се спротивставува на сите обиди за потценување на народот и уништување на надежта за подобра иднина.

Можете да прочитате

Николоски: Со најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, Гевгелија ќе биде центар за туризам и бизнис во регионот

Џипот на разбојниците од Гостивар пронајден запален на патот кон Стража

Филипче од Гази Баба: Овие избори се борба за вредностите на социјалдемократијата, за праведна држава и достоинствен живот за сите