Утрински Весник
Македонија

Филипче: Мицкоски го призна својот неуспех, најавениот бојкот на маркетите е пораз на погрешните политики

Venko Filipce 696x463 1.jpg

Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во целост го признаа својот неуспех во управување со оваа состојба, вели во објава на Фејсбук претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Најавениот бојкот е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните. За жал, лицемериeто на Мицкоски и ДПМНЕ го достигна врвот. Откако лично тој и неговата партија дозволија цените во маркетите да пораснат до небо и не преземаа ништо, сега ќе давале поддршка на бојкотот на маркетите. Граѓаните не се наивни и добро знаат кој е одговорен за состојбата. Точно знаат кој ги водеше лажните ПР кампањи со кошничките со кои цените не само што не се намалија, туку и пораснаа. Во целата брзоплетост повторно да спечалат некој политички поен, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сфаќаат дека во целост го признаа својот неуспех во управување со оваа состојба. Сега имаме невиден парадокс каде власта ќе протестира против сама себе. Ова е Монти Пајтон политика на Влада која изгубила контакт со реалноста после само осум месеци владеење. Мицкоски не го интересираат граѓаните и ова го докажува секој ден“ наведува Филипче.


Можете да прочитате

Облачно со локален дожд, температури до14 степени

Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци

Германски државјанин спасен откако се изгубил на Скопска Црна Гора