Утрински Весник
Македонија

Филипче: Мицкоски ја обвинува Европа дека ни го загрозува идентитетот

Filipce pres sdsm 1.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека Христијан Мицкоски со своите ставови  ја обвинува Европа дека го загрозува македонскиот национален идентитет, наместо да го искористи моментот за отворање на европскиот пат на државата.


„Христијан Мицкоски обвинува Европа дека ни го загрозила националниот идентитет, со понудата што е на маса. Тоа е суштината на неговиот став. Не Бугарија, туку Европа. Ако мисли дека ќе ја продава приказната дека е голем патриот, дека он се бори за некакви национални интереси, замислени, кои што не знам ни како ги замислува, затоа што не ги објаснува, дека нешто ќе ни биде загрозено за време на Европскиот пат, преговорите или со првиот чекор од уставните измени, нека каже што е тоа”, рече Филипче. 

Тој нагласи дека за него и за СДСМ национално обединување значи заштита на идентитетските одредници и продолжување на европските интеграции, додавајќи дека уставните измени не претставуваат никаков ризик.

„Прашајте го премиерот што за него значи национално обединување. Јас неколку пати сум кажал што значи за мене и за партијата. Дека нема преговори за идентитетските одредници, а дека уставните измени не се никаков ризик и треба да се направат час поскоро. Да потсетам на една изјава на Христијан- „ќе ги оставиме да ги прават следните генерации”, значи, човекот е свесен дека мора да се направат, само не сака да ги направи тој”, рече Филипче.

Притоа, Филипче предупреди дека Европската Унија нема бесконечно да чека државата да донесе одлука.

„Да не си мисли Владата дека цело време ќе биде отворена вратата на ЕУ и нас ќе не чекаат, кога ние ќе одлучиме, па ќе влегуваме во Европската Унија. Тоа е организиран процес, не е така. Ако за прв пат се отвора после 15-16 години, дајте да не го испуштиме ова. Нема може да опстане државата.Очигледно е дека геополитичката ситуација во светот го наметна проширувањето како еден од приоритетите на Европската Унија и со примерот на Црна Гора, тие веќе го покажуваат тоа.Изјавата на Мерц е уште една изјава во прилог на тоа дека навистина има волја, има потреба и економска и безбедносна на самата Европска Унија. Да не зборувам за бенефитите на земјава и на граѓаните кои што тука живеат”, рече Филипче.

Воедно, Филипче нагласи дека условите за почеток на преговорите веќе се познати и дека потребно е само политичко единство за нивно исполнување.

„Тоа што ние треба да направиме за да не го испуштиме овој воз, е веќе на масата. И ние може да се обединиме само за тоа што треба да се направи, за да ги почнеме, да ги почнеме преговорите со ЕУ, односно да ги отвориме поглавјата. Сè друго е само изговор”, рече Филипче

Можете да прочитате

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

Притвор за возачот на камионот по тешката несреќа на скопската обиколница

Земјотрес ги вознемири Скопјани – 24info.mk