Утрински Весник
Македонија

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите 

Venko bt 1.jpeg

Соопштение на СДСМ:

„Состојбата апсолутно излегува од контрола,” реагираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Фејсбук поради серијата пожари кои ја потресуваат државата и главниот град.


Во изминатите денови, Македонија се соочува со еколошка и безбедносна катастрофа: „За неколку дена изгореа две фабрики, две недели власта не може да ги изгасне депониите Дрисла и Вардариште,” предупреди Филипче, нагласувајќи дека главниот град дише канцерогени материи, а институциите се потполно нефункционални.

„Скопјани се трујат во канцерогени материи,” истакна тој, по новиот пожар во фабриката за акумулатори во Трубарево. Филипче потенцира дека не се работи за изолирани инциденти, туку за опасен системски хаос.

„Државата наместо горда, стана држава во хаос. Наместо твоја, Македонија изгоре,” напиша Филипче, алудирајќи на несоодветниот одговор на власта и институционалната парализа која ја остава јавноста незаштитена и изложена.

На крајот, Филипче алармира:

„Македонија веќе е опасно место за живеење.”

Можете да прочитате

Драматично бегство од Полициската станица во Кочани – осомничен за дрога избега низ прозорец

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Левица: Додека инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ, Македонците ја губат можноста за сопствен дом