Утрински Весник
Македонија

Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад: Нашите мисли се со целиот српски народ

Novi Sad 1.jpg

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа што се случи во Нови Сад, Република Србија.

-Со голема тага ја примив веста за страшната несреќа во Нови Сад која остави зад себе загубени животи. Во овие моменти на болка нашите мисли се со семејствата кои ги изгубија своите сакани и со целиот српски народ.

Упатувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во оваа трагедија а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Им даваме силна поддршка на медицински тимови и сите кои што се борат да ги извлечат и спасат настраданите под урнатините.

Овој трагичен настан не потсетува на кревкоста на животот, но и на тоа колку е важно да се поддржуваме меѓусебно како соседи, како пријатели, како народи кои знаат да споделат и радост, но и болка, стои во објавата на Филипче на Фејсбук.

Можете да прочитате

Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени

Филипче: Несоодветни се измените на Законот за јавни набавки, тоа е чекор назад

Вработена во ГТЦ обвинува дека е избркана од работа додека била на боледување