Утрински Весник
Македонија

Филипче: Гласањето е најсилниот протест против неспособноста на власта!

Filipce.jpg

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната завршна прес-конференција пред изборниот молк во вториот круг од локалните избори, испрати силна порака до граѓаните дека неделното гласање е најсилниот начин за промена и отпор кон арогантната и неспособна власт.

„Сметам дека треба да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура, кој беше јасно видлив уште во првиот круг од изборите. ВМРО-ДПМНЕ изгуби повеќе од 140.000 гласови за нешто повеќе од една година и тоа е јасен показател дека опозициското расположение расте,” истакна Филипче.


Тој додаде дека ваквиот пад на поддршката не е случаен, туку е резултат на целосната неспособност на власта да се справи со најгорливите проблеми на граѓаните.

„Јасно е зошто е така оваа власт не понуди решенија, не покажа слух, туку само невиден степен на ароганција и оддалеченост од народот. Затоа сакам јасно да порачам дека гласањето е нашиот најмоќен протест против неспособноста, најсилен отпор на апатијата и единствен начин да изградиме општества што се фер, нормални и блиски до граѓаните,” порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Започна меѓународната вежба „Trojan Footprint 26″

Три лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие 

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите