Утрински Весник
Македонија

Филипче: Глас против СДСМ дава неограничена моќ за ВМРО-ДПМНЕ за заплашувања и реваншизам

Df1582a3 Cba4 48eb Bb53 7e4680b9974f.jpg

Второто полувреме, односно 8 мај е најтешкиот дел од битката и ние исправено ќе се соочиме со предизвиците бидејќи јунаците се препознаваат кога е тешко. Затоа победите имаат многу татковци, а поразот само еден.

Ова го истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче вечерва во своето обраќање од централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш.

Филипче упати порака до поддржувачите, оние кои решиле да не гласаат или да гласаат за други партии за да го изразат револтот кон СДСМ.

„Со вашиот глас против не ја казнувате СДСМ, туку ја наградувате ВМРО-ДПМНЕ. И доделувате неограничена моќ која тие најдобро знаат како да ја злоупотребат. Веќе започнаа со заплашувања и реваншизам и нема да престанат тоа да го прават“, рече Филипче и додаде дека токму затоа е потребно обединување бидејќи силата на СДСМ е во единството.

Според Филипче, поранешниот сопартиец Максим Димитриевски и ЗНАМ не се вистинскиот одговор за социјалдемократите бидејќи вистинските социјалдемократи не бегаат и не се обидуваат да ја поделат СДСМ.

Можете да прочитате

Левица: Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Македонија станува дел од „Плазма – Спортските аматерски игри за деца“

Муцунски: Набргу очекуваме склучување договор за стратешко партнерство со Хрватска, сличен на тие со Обединетото Кралство и Унгарија