Утрински Весник
Македонија

Филипче: Финансиски крах ѝ се заканува на државата 

Venko sdsm pres front 2.jpeg

Владата на ВМРО катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека состојбата во буџетот е алармантна, снемува пари, нема пари за повисоки плати, за мерки на граѓаните, а власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери.

„Загрижувачка е состојбата со буџетот и со финансиите, и сето тоа се должи на лошото менаџирање на власта, предводена од Христијан Мицкоски, кој што нема капацитет ниту познавања држава да води како што треба, а нема ни желба. И сето тоа се манифестира со тоа што има стагнација во растот на платите, нема раст ниту на минималната, на просечната плата нема нешто значајно што граѓаните ќе го почувствуваат како зголемување на стандардот. Последниот знак кој што укажува дека сето тоа што го говориме со месеци наназад е вистина, е новото задолжување на владата”, рече Филипче.


Тој додаде дека власта за последното задолжување побара 300 милиони евра за да може да го пополни веќе продлабочениот дефицит, што е уште еден доказ за дилетантскиот однос на Мицкоски.

„Побарале 300 милиони евра, а добиле само 260 милиони евра.Побараа 300 милиони евра, затоа што треба да ја пополнат огромната дупка во буџетот.  Дефицитот расте, инфлацијата расте, огромна е разликата на приходната и на расходната страна. Сето тоа укажува дека оваа власт катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах. Вкупните долгови се зголемени од 2024 година до сега за нови 2 милијарди евра”, рече Филипче.

Можете да прочитате

Украдена бронзена биста од гробиштата во Бутел

Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква во Љубљана

Приведени шест возачи, петмина возеле без дозвола