Утрински Весник
Македонија

Филипче до Мицкоски: Точно е дека има само две опции, едната на чесни кандидати кои работат за граѓаните од СДСМ, а другата е неспособната на ВМРО-ДПМНЕ

Izjava venko sdsm.jpeg

„Не, ние немаме коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица. Но, се согласувам со премиерот кога вели дека граѓаните имаат две опции,” истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.

„Едната е напредна, проевропска опција, која нуди чесни и добри кадри, луѓе кои покажаа како се работи за доброто на граѓаните, а тоа е СДСМ. Другата е ВМРО-ДПМНЕ, кои се служат со лажни кампањи, со лаги и клетви, и кои докажаа дека се неработници. Тие го блокираа и го запустија Скопје,” нагласи Филипче.


Претседателот на СДСМ, Филипче,  порача дека на следните избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу чесно и одговорно водење или враќање во времето на лаги, блокади и застој под раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Приведена кавадарчанка, со остар предмет му нанела повреди на сопругот

Кривична за четири лица за грабнување на 23-годишна девојка во Струга

Понеделник 26 Јануари 2026 носи обилни дождови и локално невреме