Утрински Весник
Македонија

Филипче до Мицкоски: Правите упад, носите неуставен Закон во образование

Filipce sdsm sobranie 3.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Фиипче, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, укажа дека власта со новиот Закон за високо образование  прави класичен упад во автономијата на универзитетите.


„Јас не можам да сфатам како буткате таков еден закон на сила кога гледате дека цела академска фела, цела академска заедница е против тие измени. Тој закон е противуставен. Не смее владата да прави таков упат во автономијата на универзитетот”, рече Филипче.

Во прашањето до премирот Мицкоски, Филипче нагласи дека власта не смее самоволно укинува универзитети.

„Не смеете да укинувате универзитети и програми по волја само на министерот и некој негов тим. Јас сум прилично сигурен, жал ми е што професорката не е тука, дека таа ова не го прави на своја волја, туку трпи притисок од вас. Не е таа жена која што е без искуство и би правела вакви измени соочена со сериозен отпор од сите факултети во државава и државни и приватни”, рече Филипче.

Можете да прочитате

Мојсоска бара вонреден надзор за сите што поседуваат дозволи за експлоатација во Струга

Кривично ќе се гони полицаецот што возел без возачка дозвола

Нова кривична пријава против екс градоначалникот на Кичево