Утрински Весник
Македонија

Филипче: Да не беше блокадата на опозицијата, првиот блок на Клинички центар денес ќе беше готов

Filipce.jpg

Венко Филипче во ТВ интервју се осврна на Клиничкиот Центар и причините за нереализација на овој капитален проект.

Тој истакна дека заради блокадата во Собранието од страна на опозицијата, овој проект пропаднал, а доколку продолжел до сега ќе бил реализиран првиот блок.

„Точно е дека уште многу треба да се направи во здравството меѓутоа еден од главните проекти којшто значајно ќе ја сменеше сликата за нашето јавно здравство, ќе го зголемеше квалитетот на здравствената услуга, за жал, во Парламентот беше блокиран. Тоа е проектот за новиот Клинички центар. Да ве потсетам дека доколку тој проекти тогаш пред Ковид не беше блокиран сега на крајот на 2024 односно почетокот на 2025 година првиот блок на новиот Клинички центар ќе беше пуштен во употреба. Значи во Ѓорче Петров ќе имаше нова болница од којашто граѓаните апсолутно ќе добиеја светско ниво на здравствена услуга“ – рече Филипче

Можете да прочитате

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 39 степени

Искри од брусилица предизвикаа пожар – брзата реакција на пожарникарите спречи поголема катастрофа

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава