Утрински Весник
Македонија

Филипче: Цените се надвор од контрола, затоа власта спинува со некакви куфери со пари

Image 2025 10 06 132117976.png

Власта нема ниту капацитет, ниту волја ниту визија за тоа како да ја води државата напред и во таква ситуација се што прават е да спинуваат, да спомнуваат куфери со пари, предавници и слично, порача денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Граѓаните гледаат дека нема никаква испорака, се намалуваат платите, се скратија пензиите, просечната плата трет месец по ред паѓа. Наместо по 1000, пензионерите ќе имаа по 2000 денари повеќе ако се продолжеше нашиот систем за раст на пензиите. Цените се надвор од контрола, никој не ги контролира цените во маркетите, а има Владата механизам да го направи тоа“ рече Филипче.


Во таква ситуација, додаде тој, спомнуваат куфери, бараат предавници, го делат народот, а државата стагнира.

Филипче истакна и дека ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања кон опозицијата на овие избори нешто што според него, не било соодветно, затоа таа партија сега е власт и има поголема одговорност пред граѓаните.

Можете да прочитате

Во среда ,,Љубовта никогаш не говори со еден глас” во Филхармонија

Кузеска: Владата на Мицкоски тајно договара прифаќање мигранти од Велика Британија Текст:

ВМРО – ДПМНЕ: Го трасираме патот на раст и развој на државата