Утрински Весник
Македонија

Филипче: Без силен СДСМ, пропаѓа надежта дека Македонија ќе биде правична, демократска и европска држава

K sdsm 1 2.jpeg

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на Конвенцијата за промоција на кандидатите за градоначалници и советници, порача дека целта на СДСМ е да се обеди со цел да се спречи рушењето на заеднички дом и на сето постигнато во изминатите 34 години независна држава. 

„Да се биде социјалдемократ не значи да се биде совршен, туку да се има храброст да се носат исправни одлуки. Без силен СДСМ, единствената надеж дека Македонија може да биде правична, човечна, демократска држава со јасна перспектива напред, пропаѓа. Затоа научивме дека борбата е за вредности, борбата е за нашите идеали, борбата е да ја исправиме партијата на нозе за да им служи на граѓаните”, рече тој.


Притоа тој истакна дека СДСМ е секогаш правилната опција која е на страна на граѓаните и јавниот интерес. Посочувајќи дека оваа кампања е за да се врати гордоста на граѓаните. 

„Ако ви е важна иднината на вашите деца, ако ви е важно државата да не стане сопственост на Мицкоски и луѓето околу него, ако верувате дека Македонија има шанса, дека Македонија има иднина, ако верувате дека мора да изберете луѓе кои се чесни, приземни, тогаш дајте ни ја поддршката. Нашите кандидати таа поддршка нема да ја изневерат”, рече Филипче.

Можете да прочитате

Oд мај до август констатирани 10.411 прекршоци, 604 моторџии возеле без возачка, одземени 423 мотоцикли и тротинети

Божиновска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за „Руднап“ и набавката на броила: Побара докази или извинување

ДОМ: До кога граѓаните ќе ги плаќаат сметките на „зелените” профитери додека привилегираните собираат милиони?