Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Venko Filipce 696x463 1.jpg
Dik 300x250 mk

Суетите во политиката ги имало отсекогаш, но во овие времиња ние го немаме луксузот да ја жртвуваме иднината на партијата заради лични предрасуди, колективното добро мора да ги победи личните интереси, порача од Конгресот на СДСМ, претседателот на партијата Венко Филипче.

„Со моето доаѓање на чело на партијата сакам едно јасно да порачам. Секој кој ќе биде дел од партијата и од раководните структури е поставен на таа позиција да им служи на граѓаните и на членовите на СДСМ. Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја. Додека сум јас претседател, тоа нема да го дозволам затоа што тоа ја уништува сржта на нашето постоење. Затоа, во одредена смисла имам разбирање за претпазливоста и скептичноста на одредени наши сопартијци. Но, од оваа говорница ги уверувам дека многу брзо ќе ги убедиме дека знаеме да се издигнеме над предизвикот и можеме со посветена работа да ги искорениме сите лоши навики кои ја мачат партијата“ посочи Филипче.

Можете да прочитате

Родителите на загинатите деца во ,,Пулс” повикуваат на мирен марш за правично судење на 8-ми Ноември

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи