
Со последниот извештај на Европската комисија јасно се укажува дека власта не прави никакви реформи и истовремено ризикуваме повторно да бидеме вратени на скриниг процесот, нешто што го завршивме во 2023 година.
Ова денеска го порача лидерот на СДСМ Венко Филипче на седницата на Националниот совет за евроинтеграции.
Тој направи споредба и со соседна Албанија која ги отвори сите поглавја во преговорите за членство во ЕУ.
„Токму денес во Брисел, Албанија ја отвора седмата Меѓувладина конференција, ќе го отвори последниот кластер за преговори со Европската Унија, првата Меѓувладина конференција Албанија ја одржа во 2022 година, исто како и Македонија и затоа ни е потребна јасна политичка волја и активност на владините коалициски партнери да се припремат сите инструменти, сите механизми, сите патокази, за да станеме спремни да го отвориме првиот кластер, односно кластерот темални вредности. Веќе помина година и половина од мандатот на Владата и нема веќе кој да е крив за овој извештај кој што опфаќа една година од целосно нивно владеење“ рече Филипче.
Граѓаните, додаде Филипе, очекуваат напредок, очекуваат вистински, видливи резултати кои што можат да ги почувствуваат, а не само изговори, теории на заговор или ароганција.
„Во извештајот се нагласува дека државата имала првата Меѓувладина седница во јули 2022, дека успешно е завршен скринингот во декември 2023 година, се оценува дека има добри односи со сите држави кандидати и дека се очекува од нас целосно спроведување на договорите за добрососедство со Грција и Бугарија. Собранието, иако се оценува за генерално-функционално, сепак за него се укажува дека има висока поларизација, ниско ниво за соработка и заедничка работа при спроведување на реформската агенда за европските интеграции. Исто така се укажува на обврската на државата преку Собранието со двотретинско мнозиство да се спроведат уставните измени за проширување на листата на заедници кој не се мнозинство во уставната преамбула како неопходен предуслов за продолжување на преговори за членство во ЕУ. Понатаму, нема напредок во делот на реформи за правосудството и темелните права. Клучното поглавје 23“ порача Филипче.

