Утрински Весник
Спорт

Фил Фоден во Манчестер сити до 2027 година

Фил Фоден во Манчестер сити до 2027 година

Англискиот играч за врска, Фил Фоден, го обнови договорот со Манчестер сити до 2027 година. Претходниот договор на Фоден со „граѓаните“ истекуваше во 2024 година, но раководството на Манчестер сити направи сѐ за да го врзе долгорочно талентираниот фудбалер, кој е производ на клупската академија.

dobivaj vesti na viber

22-годишниот фудбалер стана клучна фигура на менаџерот Пеп Гвардиола и веќе има освоено 11 трофеи со тимот.

„Ме направи десетпати подобар играч. Тој ми помогна да се подобри мојата игра во сите аспекти и јас сум му многу благодарен. Уживам во фудбалот под водство на Гвардиола“, изјави Фоден.

Фил Фоден има седум гола на 13 натпревари, вклучително и хет-трик во победата од 6:3 над Манчестер јунајтед претходно овој месец.

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал