Утрински Весник
Свет

„Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија

20241118120732 Big 730x400 97.webp.webp

Францускиот весник „Фигаро“ денеска ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија.

Фигаро во неделата навечер на својот портал објави дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да изврши напади на руска територија со помош на нивните ракети со долг дострел „Скалп“ и „Сторм шедоу“, меѓутоа, во истиот текст, кој е ажуриран двапати од утрово, нема таква информација, односно се наведува само информацијата дека САД дозволиле да се користат нивните ракети со долг дострел.

Во ажурираниот текст се објаснува за какви ракети станува збор. Според „Њујорк Тајмс“, западни агенции и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобриле на Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел ATAЦMС за да напаѓа длабоко во руска територија. Таа одлука беше критикувана од администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со оценка дека Бајден сака да ескалира конфликти.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела