Утрински Весник
Спорт

ФИФА жестоко го казни Келн

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

ФИФА му забрани на фудбалскиот клуб Келн да доведува играчи во следните два трансфер периоди (летниот во 2023 и јануарскиот во 2024 година), поради прекршување на правилата при потпишувањето на договорот со младиот словенечки напаѓач.

dobivaj vesti na viber

Келн во соопштението објавено синоќа наведе дека е обвинет дека го поттикнал Јака Чубер Поточник да го раскине договорот со Олимпија Љубљана.

ФИФА го казни Келн со 51.750 евра, додека 17. годишниот фудбалер е суспендиран на четири месеци. Келн најави жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана.

Германскиот клуб тврди дека Поточник ја напуштил Олимпија поради „прекршување на договорот“ и наведува дека има докази дека не го поттикнале да замине.

Поточник важи за еден од најдобрите млади играчи во германскиот клупски фудбал. За Келн оваа сезона постигна 13 гола на исто толку натпревари во лигата до 19 години, а настапуваше и за словенечката репрезентација во таа возрасна категорија.

Во 2019 година, Челзи беше казнет од ФИФА поради кршење на правилата за млади играчи, додека Марсеј се жали на слична забрана.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари