Утрински Весник
Свет

Фидан со остри критики кон САД заради подршката на Израел во кризата во Газа

Fidan.jpg

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска изјави дека „да не беше безусловната поддршка за Израел од некои западни земји, особено од САД, немаше да биде возможно да се започне или продолжи геноцидот што го изврши Израел во регионот“ јави Си-Ен-Ен – Турк.

Фидан, кој зборуваше во Анкара на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Камбоџа, истакна дека „Израел постојано ги извршува најсуровите и најнехумани можни активности“.

Искрено веруваме дека овој геноцид нема да помине неказнето, рече турскиот министер за надворешни работи.

„Иако меѓународната заедница бавно ја признава палестинската држава, сега има попозитивна атмосфера“, истакна Фидан, пренесе агенцијата Анадолија.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30