Утрински Весник
Свет

Фидан: Неприфатлив планот на Трамп за Газа

Fidan.webp.webp

Турскиот шеф на дипломатијата го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа и да ги преселат Палестинците во други земји.

-Ова е неприфатливо прашање, изјави министерот за надворешни работи, Хакан Фидан за Анадолија.


Трамп вчера предложи САД да ја преземат Газа, каде што израелската воена акција во изминатите 16 месеци уби десетици илјади, откако претходно предложи Палестинците во енклавата да бидат трајно раселени.

Идејата беше осудена од експерти и застапници за човекови права.

Претходните коментари на Трамп дека Палестинците треба да се преселат во Египет и Јордан веќе беа јавно отфрлени од палестинските и арапските лидери, а исто така беа осудени од поборниците за човекови права како еднаков на предлог за етничко чистење.

Можете да прочитате

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар