Утрински Весник
Спорт

ФИА ги казни Хамилтон, Саинс и уште шест возачи, подиумот во Австрија останува непроменет

ФИА ги казни Хамилтон, Саинс и уште шест возачи, подиумот во Австрија останува непроменет

Карлос Саинс, Луис Хамилтон и уште шест возачи добија дополнителни казни од по 5 секунди на Австриското ГП по протестот на Астон Мартин, предизвикувајќи промени во топ 10 пласманот, но не и меѓу освојувачите на место на подиумот, Макс Ферстапен, Шарл Леклер и Серхио Перез.

dobivaj vesti na viber

По крајот на неделната трка, Астон Мартин протестираа сметајќи дека не биле казнети сите возачи кои ги прекршиле правилата, иако стјуардите казнија седум возачи. ФИА потврди дека го усвојува протестот и дека ќе се разгледаат 1.200 прекршоци во текот на трката, од кои стјуардите утврдија дека има 83 прекршоци и „избришани кругови“, носејќи повеќе кзни.

Бидејќи четврт прекршок носи казна од 5 секунди, а петти 10 секунди казна, пред „рессетирање“, тоа значеше дека Карлос Саинс доби 10 секундна казна која го спушта од четвртото на шестото место зад Лендо Норис и Фернандо Алонсо. Хамилтон исто така добива 10 секундна казна и го губи седмото место од колегата Џорџ Расел, додека Пјер Гасли го губи 9. место од Ленс Строл.

Казна од 10 секунди доби и Алекс Албон, кој заврши како 11., 30-секундна казна за Естебан Окон на 12. место, 10-секундна казна за Логан Сарџент, 15-секундна казна за Ник де Фрис и 10-секундна казна за Јуки Цунода.

Резултатот од Австриското ГП неизвесен – ФИА разгледува 1.200 случаи на излегување од патеката

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност