Утрински Весник
Спорт

ФФМ на работен состанок со раководството на УЕФА

20240920153342.jpg

Раководството на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), предводено од претседателот Александер Чеферин, организираше состанок со претседателите и генералните секретари на 55. членки на европската асоцијација.

Состанокот се одржа во францускиот град, Кан, каде Македонија беше претставувана од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Наталија Божиновска-Илиевска.

На заедничката работлиница се дискутираше за новостите во фудбалот и во националните тимови, вклучувајќи го и неодамна завршеното Европско фудбалско првенство. Беа опфатени теми за централизација на правата за идните национални натпреварувања и користењето на програмата „Хет-трик“.

Што се однесува до клупскиот фудбал, се разговараше за новиот формат во сите натпреварувања, како и за распределбата на финансискиот колач за клубовите.

Раководните луѓе на УЕФА со колегите од асоцијациите – членки дискутираа и за кандидатите за организација на идните Светски првенства кои ќе се одржат во Шпанија, Мароко и Португалија во 2030 и во Саудиска Арабија во 2034 година.

Можете да прочитате

Мурињо му одговори на Пеп: Само сакам правда

НБА куп: Оклахома го елиминира Далас, Милвоки го победија Орландо

Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута го победи Интер, Брест е сензацијата во ЛШ