Утрински Весник
Македонија

 Фетаи: Остро го осудувам случајот со малолетничката во Слупчане

Arben fetai.jpg

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, со најголема острина ги осудува тешките и неприфатливи дела на сексуална злоупотреба и уцена врз малолетничка во селото Слупчане, Општина Липково, како што денес беше објавено во медиумите.

„Како држава, имаме нулта толеранција кон секоја форма на сексуално насилство, особено кога тоа е насочено кон малолетници. Овие кривични дела не само што го уништуваат животот на жртвата и нејзиното семејство, туку и сериозно ја нарушуваат довербата на граѓаните во државните институции”, се наведува во реакцијата на заменик-претседателот на Владата.

Заменик-претседателот Фетаи изразува целосна поддршка за итните дејствија на Министерството за внатрешни работи и Полицијата и очекува Јавното обвинителство да постапи со итност, решителност и професионализам за да ги изведе пред лицето на правдата сите одговорни, без никаков компромис, како и да обезбеди примерни казни во согласност со одредбите на Кривичниот законик.

Воедно, заменик-претседателот нагласува дека жртвата и нејзиното семејство заслужуваат целосна институционална заштита, како и психолошка и социјална поддршка од надлежните институции. Владата ќе се погрижи сите неопходни услуги да бидат обезбедени без никакво одложување.
Заштитата на децата и борбата против сексуалното насилство мора да бидат апсолутен приоритет на целото општество. Заменик-претседателот Фетаи ги повикува сите граѓани да пријавуваат секое сомневање или случај на вакви злоупотреби, бидејќи молчењето само ги охрабрува сторителите на овие кривични дела.

Можете да прочитате

Во четврток ни следува краткотрајна промена на времето

Битиќи: Нема да има недостиг на енергенси, но ценовниот удар е неизбежен

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени