Утрински Весник
Македонија

Феро Инвест учествуваше на Intersolar – најголемиот светски саем за соларна енергија во Минхен

Феро Инвест учествуваше на Intersolar – најголемиот светски саем за соларна енергија во Минхен

Групацијата Феро Инвест учествуваше на најголемиот светски саем за соларна енергија – Intersolar 2023 кој се одржа во Минхен, Германија.

dobivaj vesti na viber

Делегацијата на Феро Инвест се сретна со светски познати компании од секторот за производство на електрична енергија од фотоволтаични електрични централи, а целта беше да се разменат искуства и знаења за примена на најсовремените методи и практики во оваа област на обновливите извори.

Беа зацврстени партнерските односи со светски познатите компании Trina, специјализирани за соларни панели, Goodwe за инвертери за електрични централи, PV Case за софтвери за проектирање и многу други кои се специјализирани за одредени сегменти во изградба и одржување на фотоволтаични електрични централи.

Посебен акцент беше ставен на средбите со производители на батериски системи за складирање на електрична енергија, како дел од проектираните цели на Феро Инвест да биде првата македонска компанија која ќе инсталира ваков систем во фотоволтаична електрична централа.

Intersolar e најголемиот светски саем за соларна енергија, а оваа година собра на едно место околу 2.500 компании од 57 земји во светот, кои ги изложуваа своите производи и услуги, а над 105.000 лица го посетија саемот.

(ПР текст)

Можете да прочитате

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Свечено отворен ЕМОФ Скопје 2025 – Над 4.200 спортисти од 50 земји пристигнаа во Македонија

Вечерва активни се седум пожари низ државата