Утрински Весник
Свет

ФБИ почна истрага за иранските обиди за хакирање на кампањите на Трамп и на Харис

Fbi.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) синоќа соопшти дека почна истрага дали ирански хакери упаднале во компјутери на поединци поврзани со кампањите на Доналд Трамп и на Камала Харис, објави „Си-Би-Ес Њуз“.

Во кратка изјава за телевизијата ФБИ потврди дека од почетокот на летото истражува наводи од кампањата на Трамп дека станале мета на ирански хакери. ФБИ одби да даде дополнителни коментари.

Од кампањата на претседателскиот кандидат Доналд Трамп во саботата изјавија дека тие биле хакирани и дека ирански актери биле вклучени во крадење и дистрибуција на чувствителни внатрешни документи.

Иако деталите што ги поврзуваат наводниот хакерски напад со Иран се оскудни, тврдењето следеше по објавувањето на новиот извештај на Мајкрософт, во кој се наведува случај во јуни кога единица на иранската воена разузнавачка служба испратила „фишинг електронска пошта“ до висок претставник на претседателска кампања од компромитирана електронски пошта на поранешен висок советник.

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони