Утрински Весник
Македонија

Фатен на дело: 57-годишен маж подметнал пожар во Ѓорче Петров

Img 1922.jpeg

Полициски службеници од СВР Скопје вечерва го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје, под сомнение дека подметнал пожар на тревната површина на улицата „Стево Црвенковски“ во Ѓорче Петров.

Инцидентот се случил околу 21:40 часот, кога осомничениот запалил сува трева, а неговото однесување било забележано од случаен минувач, кој веднаш ја известил полицијата.


„По добиената пријава, полициските службеници преземаа соодветни мерки и активности, по што сторителот беше приведен,“ информираа од Министерството за внатрешни работи.

Против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по целосно документирање на случајот.

Можете да прочитате

Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

Почина Гоце Контевски, доајенот на македонското новинарство

Штипскиот ЗОО парк „Бриони“ со нови жители: Лемури, волк и виетнамски прасиња пристигнуваат пред Велигден