Утрински Весник
Економија

Fashion Group со осум нови брендови во „Ист гејт мол“

Fashion Group со осум нови брендови во „Ист гејт мол“

Mодниот лидер во нашиот регион Fashion Group доаѓа во „Ист гејт мол“ со сите свои трговски марки и отвора осум нови проекти на реномирани интернационални брендови, но и веќе постоечките, со подобрени и унапредени продавници: TIMBERLAND, PARFOIS, OKAIDI, SPRINGFIELD, FASHION & FRIENDS, како и три сосема нови трговски марки на македонскиот пазар.

Сите осум проекти се простираат на вкупна површина од 2.000 квадратни метри, и во новиот трговски центар ќе бидат уредени според најновите идејни концептни проекти за внатрешно уредување.

Брендот MANGO ќе се простира на 580 квадратни метри и ќе биде уреден според последните стандарди и ќе се престави со целата своја колекција, каде покрај женската линија, за прв пат во „Ист гејт мол“ се најавуваат и други колекции од брендот.

Од компанијата како новитети во „Ист гејт мол“ ги најавуваат и брендовите DAN JOHN и KIKO MILANO, како лидери во својата област и сосема нова свежина на пазарот.

Трендсетерот и бизнис лидер во модата на нашите простори, мултибренд продавницата Fashion&Friends ќе се претстави со целосно нов концепт и понуда на дополнително нови брендови со што ќе има вкупна застапеност од над 20 модни марки за конфекција и обувки како Calvin Klein, Camper, Desigual, Diesel, Inuikkii, Levis, Liu Jo, Miss Sixty, Moose Knuckles, Mou, Paciotti, Patrizia Pepe, Premiata, Replay, Scotch & Soda, Steve Madden, Supedry, Tommy Hilfiger и други.

Љупчо Маневски, комерцијалниот директор на Fashion Group официјално ги предаде нацртите за осумте проекти на лизинг тимот на „Ист гејт мол“ и изјави:

„Fashion Group и понатаму останува омилено место за мода за сите прогресивни генерации. Претставуваме понуда која се темели на долгогодишно искуство и страст за создавање вредност за партнерите и купувачите, што се преточува во нови иницијативи како отворањето на овие осум проекти во Ист гејт мол“.

 

(ПР текст)

Можете да прочитате

Поевтинуваат нафтените деривати – 24info.mk

Лебот нема да поскапи следните два месеца

Инфлацијата во април повисока за 0,7 проценти во однос на март