Утрински Весник
Македонија

Фармацевтите алармираат: Пациентите ќе останат и по три дена без лекови за проверка на осигурувањето

Падна системот на Фондот за здравство, но пациентите можат да подигнуваат лекови од аптека

По добиените инструкции како да постапуваат со пациентите по сајбер нападот на системот на ФЗО, вечерва и фармацевтите алармираат дека дадените упатства за работа ќе ги остават пациентите без лекови и по три дена.

dobivaj vesti na viber

Фармацевтската комора смета дека премогу време ќе се изгуби за проверка на осигурувањето кога пациентот во аптека ќе дојде да побара лек.

„Во случаи на акутните рецепти, осигуреникот треба да чека до 24 часа за да се провери осигурувањето и добие повратен одговор од ФЗОРСМ што може да резултира со животно загрозувачки последици по пациентот; Во случаи на хроничните рецепти осигуреникот треба да чека до три дена за да се провери осигурувањето и добие повратен одговор од ФЗОРСМ што исто така може да резултира со животно загрозувачки последици по пациентот“, реагиа Комората на фармацевти.

Вечерва Комората испрати допис до управниот одбор на Фондот за здравство во кој укажува на неможноста да се спроведат во пракса дадените препораки.

Фармацевтите бараат за месец февруари да не се одбиваат рецептите по основ на осигурување и итно да се најде решение за постапување од 1 март оти посочениот начин на работа  е неизводлив во пракса и на штета на пациентите.

Фондот за здравство поради блокираните податоци на здравствените осигуреници испрати препораки како да се надминат проблемите предизвикани од нападот. Посебни препораки за постапување по сајбер нападот биле испратени до јавните и приватните здравствени установи и аптеките.

 

Можете да прочитате

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“