Утрински Весник
Свет

Фалсификат парфеми во вредност од околу 4 милиони евра запленети во романското пристаниште Констанца

20240525144408 Big 730x400 36.webp.webp

Фалсификат парфеми во вредност од околу четири милиони евра се запленети во романското црноморско пристаниште Констанца при контрола на граничните полициски и царински инспектори.

На 23 мај, заеднички тим од гранични службеници на крајбрежната стража и царински инспектори од Царинското гранично биро во Констанца извршија физичка проверка на контејнер натоварен со стока што пристигнува од Обединетите Арапски Емирати, наменета за трговска компанија во Романија. По детални проверки, утврдено е дека во контејнерот имало 18.000 парфеми кои можат да ги нарушат правата на интелектуална сопственост на познати брендови, се вели во соопштението на Генералниот инспекторат на Граничната полиција.

Стоката, која би чинела околу четири милиони евра доколку се продава како брендирани производи, е запленета за вештачење и понатамошна истрага.

Можете да прочитате

Лавров предупредува: Воено-биолошките активности на голем број земји придвижуваат сериозни прашања

Писмо на Фицо до Фон дер Лајен: Огромен пораст на цените на горивата во Европа, а ЕУ е загрижена само за Украина

Бразил, Германија, Индија и Јапонија побараа итна реформа на Советот за безбедност на ОН