Утрински Весник
Македонија

Фактор.бг: Интерес на бугарската длабока држава е ЗНАМ на Димитириевски да го ослабне СДСМ и на власт да дојде ВМРО-ДПМНЕ

1200px Maksim Dimitrievski.jpg

Фактор.бг во анализата „Сенката на „Мултигруп“ на претседателските избори во Македонија“ пишува за соработката на некогашниот потпретседател на бугарски „Мултигруп“ со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Но во еден дел од анализата, Фактор.бг се осврнува и на гостувањето на претседателот на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски на бугарската државна телевизија, поставувајќи прашања кој и зошто го организирал таквото гостување.

„Во контекст на дискусијата за поврзаноста на бугарската и македонската длабока држава, не може а да не се постави прашањето – кој и со каква цел го покани поранешниот градоначалник на Куманово и актуелен претседателски кандидат Максим Димитриевски на интервју за државната БНТ? Познавачите на внатрешните процеси во Македонија тврдат дека зад политичкиот проект ЗНАМ на Максим Димитриевски стои претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој има за цел да ја ослабне владејачката СДСМ и да ја доведе на власт просрпската ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, врската на Николај Валканов со ДПС и Ахмед Доган, како и старите врски на директорот на БНТ, Кошлуков, со почесниот претседател на ДПС се јавна тајна“ се наведува во анализата.

Бугарскиот медиум смета дека оставањето толкав простор на Димитриевски на БНТ било однапред смислен потег за Димитриевски потоа да ја користи снимката во предизборни цели, додавајќи дека бугарската длабока држава има свој интерес ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт во Македонија.

„Крајниот ефект од појавувањето на Максим Димитриевски во државната БНТ беше јавно да ја дистрибуира снимката од неговото интервју во текот на целата претседателска кампања, претставувајќи се како херој кој им одржал предавање на Бугарите во центарот на Софија. Веројатно гореспоменатите лица од бугарската длабока држава ги гледаат своите интереси во носењето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Фактор.бг во својата објава веќе го коментираше присуството на Орце Камчев во Бугарија и неговите врски со ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека Камчев е именуван како еден од главните спонзори на оваа партија“ се наведува во текстот.

Можете да прочитате

Јавното обвинителство ќе добие нов електронски систем за управување со предметите

Шкариќ: Не е важно што пишува во Изборниот законик, треба да се почитува Уставот

Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци