Фудбалерите на Лидс и Лестер ги оправдаа улогите на фаворити и се пласираа во четвртото коло од ФА Купот.
Лидс Јунајтед му гостуваше на третолигашот Акрингтон Стенли и победи со 3:1.
Стадионот „Краун Граунд“ беше распродаден, сите 5.450 гледачи беа на трибините, а управата на третолигашот задоволно трие раце бидејќи во касата ќе се слеат 300.000 фунти (околу 340.000 евра).
„Тоа ќе ја промени нашата сезона“, изјави директорот на клубот Дејвид Бургес и додаде:
„Слушнавме дека Лидс го распродаде својот контингент од 2.600 билети за 40 минути.“
Гостите победија рутински со головите на Џек Харисон, Жуниор Фирпо и Луис Синистера. Почесниот гол за домашната екипа го постигна Лесли Адекоја во 81. минута.
Во вториот меч во истиот термин, „Лисиците“ од Лестер гостуваа кај четвртолигашот Валсал и победија со 1:0.
Веројатно можеше да биде малку полесно доколкуЈури Тилеманс го искористеше пеналот во 48. минута. Наместо мрежата, тој ја погоди стативата.
Сепак, 20 минути подоцна нигериската „златна резерва“ Келечи Ихеаначо им го донесе очекуван триумф на гостите.
Шампионот Манчестер Сити во петокот во дербито од третото коло беше подобар од лидерот во Премиерлигата, Арсенал (1:0).
Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи во понеделник по последниот натпревар меѓу Дерби Каунти и Вест Хем.