Утрински Весник
Економија

Евростат не лаже, Македонија економски е на дното во Европа, порачуваат од СДСМ

Simona cvetanoski.jpg

Презентирајќи податоци од Евростат, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветаноски денеска порача дека Македонија е на дното на Европа и дека економските политики на власта дожвеале дебакл.

„Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес е претпоследна во Европа по висина на минимална плата, зад нас е само Албанија. Истовремено сме последни по куповна моќ.Евростат не лаже. Но Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ лаже кога вели дека „се грижи“, лаже кога зборува дека сме четврта најјака економија во Европа, лаже кога ве убедува дека добро живеете. Сите економски параметри укажуваат на драматично влошување на квалитетот на животот. Инфлацијата оди нагоре, цените повторно се без контрола, платите стагнираат“ порача Цветаноски.


На власта, додаде таа, не ѝ е гајле како живее народот, туку се интересира само како да се збогатат одредени поединци.

„Дуото Трајко Славевски и Христијан Мицкоски ова го прават намерно и осмислено. Целта е јасна, да се држат граѓантие во неизвесност, да се држат платите на минимум додека тие ги спроведуваат своите криминални проекти и задолжувања. Ниту ги интересира состојбата во која живеат луѓето, ниту сакаат да помогнат реално нешто да се смени, ги интересираат само нивните огромни бизнис зделки. Мицкоски и Славески ќе останат запаметени не како реформатори, туку како луѓе што ја згазија економската надеж на оваа земја. Како политичари што ја заборавија работничката рака која го движи оваа држава“ порача Цветановски. 

Цветановски истакна дека СДСМ претходно како власт ги зголемувала платите, а сега како опозиција предлага нови мерки кои не се прифаќаат од владејачкото мнозинство. 

„Го зголемивме минималецот од 9.000 на над 20.000 денари. Донесовме закон за автоматско усогласување на платите со трошоците за живот за да не може никој политички да ги уценува граѓаните за растот на платите туку да им следува со закон. Ги зголемивме платите во приватниот сектор. Инвестиравме 2,6 милијарди евра во економија, помош за граѓаните и стабилизација на струјата. А што прави ВМРО-ДПМНЕ? Ги одби сите предлози за покачување плати“ заклучи Цветановски.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Фискалната стратегија е смерница на фискалната политика и води кон намалување на буџетскиот дефицит и економски развој

Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Битиќи: Владата не презема ништо за високите цени иако има механизми