Утрински Весник
Свет

Европските лидери ги избраа носителите на врвните функции во ЕУ

Eu Evropska Unija Zastava Eu Brisel 4.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лидерите на ЕУ доцна вечерва го одобрија предлогот договорен меѓу Европската народна партија, социјалдемократите и либералната група „Да ја обновите Европа“ за поделбата на врвни раководни позиции во Унијата, со што поранешниот португалски премиер Антонио Кошта е избран за претседател на Европскиот совет, актуелната претседателка на Европската комисија, Германката Урсула фон дер Лајен е номинирана за реизбор на функцијата, а естонската премиерка Каја Калас да биде е именувана за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

За целосно завршување на процесот на назначување на водечките функционери во ЕУ, Фон дер Лајен треба да биде избира од Европскиот парламент со мнозинство гласови од вкупниот број европратеници.  

Според дипломатски извори, италијанската премиерка Џорџа Мелони, која претходно изрази несогласување со договорот за распределба на највисоките позиции во ЕУ, се воздржала од гласањето за кандидатурата на Фон дер Лајен, а се изјаснила против изборот на Кошта и Калас.

Можете да прочитате

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување