Утрински Весник
Македонија

Европските институции како инструмент за притисок врз Македонија

Eu zname.jpeg

Бугарската стратегија сè повеќе се префрла од билатералниот спор кон европските институции кога е во прашање евроинтегративниот пат на земјава. Тоа е јавното мислење на политиколозите кои ги следат анализи и јавни настапи на бугарските политичари. Тие оценуваат дека, во Бугарија гласно се нагласува потребата Софија максимално да ги користи механизмите во Европската Унија за да спречи отворање на веќе договорените прашања.

Посебно внимание се посветува на ставовите на европските лидери дека Македонија треба да ги исполни обврските преземени во 2022 година, а бугарските европратеници се повикуваат да дејствуваат координирано во Европскиот парламент.


Со тоа, според познавачите на политичката сцена, се добива нова димензија, бидејќи наместо исклучиво дипломатски притисок од Софија, се создава поширок европски фронт кој треба да обезбеди доследно спроведување на бугарските барања.

Покрај ова во голем дел од бугарските медиумски и политички настапи се гради слика дека Христијан Мицкоски е клучната причина за застојот на Македонија на европскиот пат.

Тој е обвинуван дека нема искрена европска агенда, дека намерно ги блокира реформите и дека ја користи Бугарија како тема за мобилизација на домашната јавност. Како аргумент се користат и пораките од европските институции дека нема простор за ново преговарање на веќе договорените обврски.

На тој начин критиките кон македонската политика се персонализираат и се концентрираат околу ликот на премиерот, кој во бугарскиот јавен дискурс сè почесто се претставува како симбол на отпорот кон актуелната европска рамка за решавање на спорот.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Шумската мафија заработува огромни пари, без корупција во институциите овој криминал не може да опстои

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик