Утрински Весник
Свет

Европскиот парламент во март или април ќе гласа за визна либерализација на Косово

Европскиот парламент во март или април ќе гласа за визна либерализација на Косово

Европскиот парламент ќе гласа за визна либерализација на Косово на крајот на март или во текот на април, изјави портпаролот на ЕП Џејн Ојамо.

dobivaj vesti na viber

„ Се очекува Европскиот парламент да гласа за визната либерализација на 29 или 30 март или на седницата од 17 до 20 април“, изјави тој за РТК.

Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент вчера донесе одлука за визна либерализација.

Тоа беше прво во серијата гласања што се очекуваат во наредните недели, што ќе доведе до конечна одлука за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово.

Конечно, одлуката мора да биде одобрена од министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Според договорената одлука, граѓаните на Косово ќе уживаат безвизен режим за влез во ЕУ најдоцна од 1 јануари 2024 година.

Можете да прочитате

Маѓар: Запленети се средствата на поранешниот министер на Орбан од 24 милиони евра

Франција го отфрли новиот предлог за буџет на ЕУ од кој беа одбиени 204 милијарди евра

Два напада врз танкери во близина на Оман