Утрински Весник
Свет

Европскиот парламент предлага нов пакет санкции против Русија

Европскиот парламент предлага нов пакет санкции против Русија

Европскиот Парламент побара од институциите на ЕУ да работат на почеток на пристапните преговори со Украина, да подготват план за пристапување на таа земја на единствениот пазар на ЕУ и да го воведат десеттиот пакет санкции против Русија.

dobivaj vesti na viber

Во незаконски обврзувачката резолуција изгласана на пленарната седница во Брисел, претставниците бараат „да се започне со работа на отворање на пристапните преговори“ и да се создаде „патна карта со контурите на следните чекори за да се овозможи пристап на Украина во единствениот пазар на ЕУ“.

Огромно мнозинство гласаше за резолуцијата, 489 беа за, 36 беа против, а 49 беа воздржани.

Пратениците ја повторија својата поддршка за идното членство на Украина во ЕУ, нагласувајќи дека пристапниот процес се заснова на заслуги, односно на исполнување на реформите потребни за членство и критериумите за пристапување. Во таа насока тие ги повикаа украинските власти да преземат соодветни реформи за што поскоро усогласување со ЕУ.

Претставниците ги повикаа и членките на ЕУ да ја зголемат и забрзаат испораката на воена помош за Украина, особено во оружје, но и да обезбедат економска, финансиска, инфраструктурна и хуманитарна поддршка.

Пред самитот ЕУ-Украина, кој ќе се одржи во петок во Киев, европските претставници бараат сеопфатен пакет помош за обновата на Украина. Тие предлагаат за ова да се искористат замрзнатите средства на руската централна банка и средствата на руските олигарси.

Пратениците бараат и воведување на десеттиот пакет санкции против Русија и санкционирање на компаниите како Лукоил и Росатом кои се уште работат на пазарот на ЕУ. Тие бараат и целосно ембарго за увоз на фосилни горива и ураниум од Русија и дефинитивно напуштање на гасоводите Северен тек 1 и 2.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран