Утрински Весник
Свет

Европската унија очекува Израел и Хамас да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот суд на правдата

IMG

Европската унија денеска соопшти дека очекува Израел и Хамас целосно да ги почитуваат пресудите на Меѓународниот суд на правдата.

„Наредбите на Меѓународниот суд на правдата се обврзувачки за страните и тие мора да ги почитуваат. Европската унија очекува нивно целосно, итно и ефективно спроведување“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Највисокиот суд на ОН денеска му нареди на Израел да спречи акти на геноцид врз Палестинците и да направи повеќе за да им помогне на цивилите, но не нареди прекин на огнот.

Судот ги повика Хамас и другите вооружени групи во Газа веднаш да ги ослободат сите заложници што ги држат.

Можете да прочитате

Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане, смета Трамп

Полска сака да прими на своја територија 15.000 американски војници

Иран само во септември заработил повеќе од три милијарди долари од извоз на нафта, најмногу во последните две години