Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија

20251018125519 big 730x400 57.webp.webp
Img 7972

Министерството за дигитална трансформација ја поздравува одлуката на Европската комисија за одобрување на второто ослободување средства за Република Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, во вкупен износ од 16 милиони евра.

Европската комисија во рамките на сопствената техничка процена оцени дека четири реформи се успешно реализирани, од кои три се во областа на дигиталната трансформација, што претставува значајно признание за реформските процеси предводени од Министерството за дигитална трансформација.


Овие активности опфаќаат:

Усвојување на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, целосно усогласен со европската директива за сајбер-безбедност (NIS2);
Усвојување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, со кој се воведува европскиот модел на дигитален идентитет;
Донесување на Законот за архивски материјал, со кој се воспоставува правна рамка за електронско архивирање во јавната администрација.
„Оваа одлука претставува конкретна потврда дека европските институции ја препознаваат и поддржуваат нашата работа во насока на создавање безбедна, поврзана и модерна дигитална држава. Реализираните закони поставуваат темели за долгорочна трансформација на јавната администрација и создавање подобри, побрзи и посигурни услуги за граѓаните,“ изјави Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Од вкупниот износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во државниот буџет, додека преостанатите средства се наменети за инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Министерството за дигитална трансформација ќе продолжи со реализација на останатите реформски активности утврдени во рамките на Инструментот за реформи и раст, со цел целосно усогласување на националните политики со европската дигитална агенда и рамката на Дигиталната декада 2030.

Можете да прочитате

Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 лица во затворите

Жена од САД добила на суд, „адвокат“ и бил Чат ГПТ