Утрински Весник
Спорт

Европската Суперлига може да стартува во 2024/25?

Европската Суперлига може да стартува во 2024/25?

Новиот извршен директор на Европската Суперлига, Бернд Рајхарт смета дека 2024 е реална цел за почеток на натпреварувањето, иако 9 од оригиналните 12 клуба се повлекоа по помалку од еден месец по стартувањето на проектот во април 2021.

dobivaj vesti na viber

Арсенал, Челси, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер и Милан го промовираа проектот во 2021, но по острите реакции од УЕФА, од навивачите и од целата фудбалска јавност, сите се повлекоа од проектот освен Јувентус, Барселона и Реал Мадрид. Трите клуба продолжија со проектот, водејќи судски спор против УЕФА, и неодамна го поставија Рајхарт од компанијата „А22 спорт менаџмент“ како прв директор.

„Првата реална и разумна цел е 2024 година, но има многу работи кои не можеме да ги предвидиме. Свесни сме дека пред година и пол англиските клубови првично се повлекоа, но целата фудбалска заедница бара решенија. На почетокот, дијалогот може да се одвива без нив, но подоцна не. Ова е инклузивна иницијатива. Положбата на англиските клубови и Премиерлигата е вистински пример колку е атрактивно натпреварување кое го водат клубовите. Би сакал да го имаме тоа во предвид“, вели Рајхарт.

Можете да прочитате

Македонските фудбалери го одработија првиот тренинг пред дуелите во Лигата на Нации

РК Алкалоид останува непоразен во лигата

Барселона остана и без Феран Торес