Утрински Весник
Македонија

Европска престолнина на културата – случај Нови Сад

Veb Naslovna 11 1024x813 1.jpg

Без вклучување на градот и препознавање на важноста на проектот (Европска престолнина на културата), не само за развојот на културата, туку и за неговата трансформација на економски, социјален, па дури и политички план, сето ова не би било возможно. Градот Нови Сад успеа да ја препознае културата како начин на живот и важен дел од идентитетот на градот.

Во новосадскиот Дистрикт, поранешна индустриска зона, која долго стоела запуштена и заборавена од сите, денес финкционира центар за производство на култура. Комлпексот од стари фабрики сега е целосно преуреден и полн со културни содржини, изложби, проекции, саеми, музика… Дистрикт е полн со живот и тука гравитира голем дел од културната и уетничка сцена во Нови Сад… Дитрикт е успешна приказна. Дистрикт е една од придобивките од титулата: Нови Сад – Европска престолнина на културата (2021) 2022.

За време на посетата на Нови Сад, како жители на Скопје, град кој ја носи титулата Европска престолнина на културата 2028, нè фати малку страв и доза дефетизам: Дали имаме капацитет за ваков процес? Дали нашите функционери воопшто имаат визија колкав птофат е ова?

Лесно дознавме кој е претседател на Фондацијата „Нови Сад – европска престолнина на културата“, останува прашањето: Кој/ а, по ѓаволите, е претседател/ка на Фондацијата Скопје – Европска престолнина на културата, ако  воопшто постои таква фондација?

Во павилјонот каде се одвива изложбата Најцрниот бран – посветена на југослоовенските филмски остварувања од шеесеттите и седумдесеттите години кои тогашната власт ги сметала за политички неподобни, се сретнавме со Немања Миленковиќ, директор на Фондацијата „Нови Сад – европска престолнина на културата“. Прво нè прошета низ павилјонот, ни раскажа за мултимедијалната изложба, а потоа зборувавме за Нови Сад – Европска престолнина на културата.

Трн: Колку беше тешко да се оправда титулата Европска престолнинан на културата?

Немања: Овој проект се покажа како огромен предизвик за секој град што ја добива титулата, а треба да бидеме искрени да кажеме дека е и огромна шанса.

Кога ќе поминете низ сè што кажав, од самите подготовки, па сè до справувањето со пандемијата и она што се случуваше во Европа, за Нови Сад ова веќе не се гледа како подвиг, туку како чудо што се случи. Нам ни беше важно визијата што ја поставивме и ја претставивме да ја однесеме до крајот во континуитет, и мислам дека тоа успешно го направивме, не само поради наградата „Милена Меркури“ што ја добивме, туку и поради тоа што во 2021 година бевме прогласени за најдобар европски бренд во областа на културата.

Во секој случај, сето ова покажа дека Нови Сад со своите капацитети може да одговори на предизвикот. Важно беше што имавме континуитет на луѓето кои го започнаа процесот и го завршија, вклучувајќи и нови луѓе кои донесоа свежа енергија и идеи. Во таа размена на основната идеја и визија, како ова треба да се направи, оние кои донесоа нова енергија создадоа вистински баланс. Успеавме да одговориме на нашиот слоган „Нови мостови“.

Немања Миленковиќ, Фондација „Нови Сад – европска престолнина на културата“

Трн: Вашиот слоган беше / е „Нови Мостови“.. Зошто ги избравте мостовите: Љубов, Слобода, Надеж и Виножито?

Немања: Кога ја правевме апликацијата, размислувавме што е тоа по кое Нови Сад се издвојува од другите градови, и за разлика од сите други европски престолнини на културата, ниту една не го заврши 20-от век без мостови. Тоа е силен симбол за градот, особено по бомбардирањата во 1999 година. Од една страна, тоа беше белег на градот, но од друга страна, мостовите имаат силна симболика, дури и на англиски „Four New Bridges“ (Четири нови мостови).

Значи, ова не беше само визија на проектот, туку и визија за развојот на градот во контекст на поврзување на двете страни на реката кои често се гледаат, но ретко комуницираат и се поврзуваат. Таа симболика беше важна не само за поврзувањето на Нови Сад со Европа, туку и за поврзувањето на различните културни установи, традиционалната и независната сцена, како и со публиката.

Трн: Која беше улогата на градот Нови Сад во овој процес? Колку беше битно учеството и поддршката од градот?

Немања: За секоја Европска престолнина на културата клучна е улогата на градот што се пријавува. Ова не е национална титула, иако е важна за секоја држава, но кога станува збор за Европската престолнина на културата, градот е клучен. Без вклучување на градот и препознавање на важноста на проектот, не само за развојот на културата, туку и за неговата трансформација на економски, социјален, па дури и политички план, сето ова не би било возможно. Градот Нови Сад успеа да ја препознае културата како начин на живот и важен дел од идентитетот на градот.

Трн: Кажи ни за концептот на културни станици.

Немања: Се одлучивме за децентрализација на културата како основна цел и ветивме во Брисел во 2016 година дека ќе изградиме три културни станици во три клучни делови на градот, кои до тогаш беа некако запоставени.

Но, на крајот, денес имаме вкупно 12 културни станици, кои го обновија не само индустриското и културното наследство, туку и спортското наследство. Создадовме нов менаџмент во културата, со што културниот центар на Нови Сад управува на ист начин со сите делови на градот.

Овие станици овозможија продукција и промоција на културата, вклучувајќи ги граѓаните не само како публика, туку и како активни учесници.

Трн: Колку настани се случија во  Нови Сад во 2022 година и колку уметници учествуваа во нив?

Немања: Во 2022 година имавме 4000 програми, што значи просечно 10 програми на ден. Учествуваа 6000 уметници од 54 земји. Ова е огромен број не само на уметници, туку и на посетители кои го препознаа Нови Сад како културен град, со или без титулата Европска престолнина на културата.

Трн: Кои се придобивките за градот кој ќе ја добие титулата Европска престолнина на културата?

Немања: Најважно за секој град што ја добива титулата е да не го гледа тоа како краткорочен проект, без оглед на тоа колку години се подготвува. Не треба да се гледа на тоа како на нешто што ќе заврши, туку како на почеток на еден долг процес на трансформација.

Кога имате ваква содржина која ја оплеменува човечката душа вие имате причина… Има и истражување за ова на светско ниво во Лондон, дека една третина од одлуките зошто некој инвестира во некој град, зошто некој доаѓа во некој град и зошто некој останува и се преселува во некој град е резултат на добар имиџ.

Извор:Трн.мк

Можете да прочитате

Значителен пад на температурата со засилен ветер

СДСМ: Николовски фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е оставка од Антоанета Димовска и колективна одговорност од Судски совет за незаконското назначување во УО на Академијата