Утрински Весник
Свет

Европратеници побараа дебата за „злоупотребата на социјалните мрежи“ до страна на Илон Маск 

20250109115051 Big 730x400 61.webp.webp

Европратеници од редовите на социјалдемократите и либералите побараа на дневниот ред на заседанието Европскиот парламент, предвидено за од 20 до 23 јануари, да се стави и точка за лажните вести и говорот на омраза на социјалните мрежи.

Либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) соопшти дека ќе побара „итна парламентарна дебата за неодамнешните објави“ на сопствениот на Икс, Илон Маск на оваа социјална мрежа и дали со нив се прекршуваат одредбите за умереност на содржините од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА). Според претседателката на РЕ, Валери Ајер, Европа не може да биде слепа пред намерата на Маск да се меша во демократските процеси во ЕУ.


Дебата за ова прашање побара и лидерката на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), Ираче Гарсија Перез во објава на Икс.  

– На нашите демократии им се закануваат нови опасности. Опасности кои се помоќни и од оружје: лажни вести, говор на омраза и злоупотреба на социјалните мрежи, напиша таа во објавата.

Ваквите барања за проверка за „злоупотреба на социјалните мрежи“, уследија откако Маск во повеќе објави на Икс нападна неколку европски лидери и ја поддржа германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) во пресрет на предвремените парламентарни избори во земјата.

Маск вчера објави фотографија на која е прикажан состанок на норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе со основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, по што Европската соопшти дека оваа „погрешна слика“ би можела да биде дел од нејзината тековна истрага против Икс за ширење дезинформации, што се води врз основа на Законот за дигитални услуги.

Дополнително за денеска е најавено Маск во живо да пренесува интервју со лидерката на АФД Алис Вајдел, слично на она што го имаше со Доналд Трамп пред претседателските избори во САД.

На почетокот на неделава германскиот европратеник од редовите на Европската народна партија (ЕПП), Аксел Вос соопшти дека оваа пратеничка група доставила неколку барања до Еврокомисијата за проценка дали однесувањето на Маск е во „спротивност со правилата утврдени со ДСА“.

Слична загриженост изрази и европратеникот на Зелените, Демијан Бозелагер во отворено писмо упатено до извршната потпретседателка на Европската комисијата за технолошка сувереност, безбедност и демократија, Хена Виркунен, во чија надлежност е и контролата на почитувањето на ДСА.

Можете да прочитате

Шолц против Трамп за предлогот членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана

Штрајкови низ Италија во петок

Се уште не е јасно колку точно луѓе загинаа во пожарите во ЛА