Утрински Весник
Свет

Европол: Уапсени четири лица во Ерменија и Украина за хакерски напади

677z381 Evropol Zgrada 1.jpg

Вкупно четири лица се уапсени во Ерменија и Украина поради хакерски напади во неколку европски земји и во САД и Канада, во досега најголемата операција против ботнети, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во меѓународно координирана операција наречена „Крај на играта“, која била спроведена од 27 до 29 мај, под контрола на органите на прогонот биле ставени повеќе од 2.000 интернет домени, а едно лице е уапсено во Ерменија, а три во Украина.

Се уште се трага по уште осуммина бегалци кои биле вклучени во тие активности.

Повеќе од 100 сервери беа отстранети или прекинати во Бугарија, Канада, Германија, Литванија, Холандија, Романија, Швајцарија, ОК, САД и Украина.

Акцијата беше иницирана и спроведена од Франција, Германија, Холандија, а учествуваа и Велика Британија, Украина и САД, како и некои други европски земји.

Се посочува дека еден од главните осомничени за хакерските напади заработил најмалку 69 милиони евра во криптовалута.

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство