Ѕвездата на Виртус Болња, Милош Теодосиќ, ќе ги пропушти наредните два натпревари во Евролигата. Теодосиќ, беше исклучен минатата недела на натпреварот Виртус-Анадолу Ефес.
Поранешниот српски репрезентативец, во финишот на натпреварот, кога Виртус фаќаше приклучок, бурно реагираше на судиската одлука да му биде досуден намерен фаул. Упорно бараше објаснување од судиите, а кога во еден момент сакаше и физички да се пресмета со судијата Јавор, беше исклучен.
Во наредните две кола во Евролигата, Виртус, ќе гостува кај Црвена звезда и Олимпијакос.
Milos Teodosic gets into referee’s face after receiving a technical foul 😳 pic.twitter.com/C1UPGiTcef
— BasketNews (@BasketNews_com) November 25, 2022