Утрински Весник
Македонија

Евроамбасадорот Гир во посета на Бигорски манастир

Befunky 2024 4 5 18 7 34.jpg

Во посета на Свештената Бигорска Обител на Чесниот Претеча, вчера доцна попладне, беше амбасадорот на делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Дејвид Гир, со свои соработници, информираа од Бигорскиот манастир.

-Ценетите гости имаа можност одблиску да се запознаат со нашата милениумска Светиња. Во духот на манастирското гостопримство, амбасадорот беше пречекан од нашиот старец и игумен, епископот г. Пратениј, кој го запозна гостинот со евангелската мисија на нашето братство. На средбата беше разговарано и за општата состојба на христијанството и за улогата на црквата во современото доба, додаваат од манастирот.

Високиот гостин, од своја страна му заблагодарил на владиката Партениј за неговата благотворна улога во општеството, посакувајќи му понатамошно благоуспевање во неговата пастирска дејност, а владиката му заблагодарил на амбасадорот за посетата и за покажаната почит.

Амбасадорот Гир и неговата придружба имале можност да ја посетат и Бигорската книгохранителница и да видат дел од раритетните книги, како и да го разгледаат книжниот фонд

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!