Утрински Весник
Спорт

Евра се кае што играл за Франција

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Јувентус, Монако и Марсеј, Патрис Евра, откри дека жали што наместо за Франција не играл за фудбалската репрезентација на Сенегал.

dobivaj vesti na viber

Ова не е првпат поранешниот капитен на Франција да шокира со една своја изјава, но овој пат крена голема прашина.

Евра е роден во главниот град на Сенегал, Дакар и има 81 настап за „триколорите“ откако дебитираше во 2004 година. Тој беше дел од француската репрезентација на Светското првенство во 2010 и 2014 година, а дресот на „триколорите“ го носеше и на Европското првенство во 2008, 2012 и 2016 година.

„Кога би можел да се вратам во минатото, би избрал да ја претставувам мојата татковина Сенегал наместо Франција. Кога играш и победуваш, славиш како Французин, но кога тимот губи, те издвојуваат како Сенегалец. Мораме да и покажеме на помладата генерација дека можат да бидат успешни играчи и кога играат за земјата од која доаѓаат“, изјави Евра во интервју за француските медиуми.

Поранешниот француски репрезентативец ја заврши играчката кариера во 2019 година.

Можете да прочитате

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа