Утрински Весник
Магазин

Еве зошто никогаш не треба да го загревате спанаќот

Spanac.jpg

Спанаќот е една неверојатно здрава храна што ја презиравме како деца и секогаш бевме принудени да ја јадеме. Да не беше Попај, можеби никогаш немаше да го пробаме, но сега како зрели луѓе сме многу свесни за предностите и придобивките што ги има овој зеленчук.

Спанаќот содржи големи количини на витамини и минерали, како што се фолна киселина, витамин А, Б, Ц, Е, железо, манган и калиум. Содржи и лутеин и зеаксантин, поради што е одличен борец во борбата против вирусите и инфекциите. Овој зеленчук лесно се подготвува и е одличен прилог со месо и некој друг извор на протеини, бидејќи лесно се вари и затоа што го подобрува вкусот на месото.

Сепак, многу луѓе не знаат дека спанаќот не треба повторно да се загрева. Кога спанаќот се загрева, нитратите кои се наоѓаат во спанаќот се претвораат во нитрити, кои понатаму се претвораат во нитрозамини, кои можат да бидат многу штетни, па дури и канцерогени за човечкиот систем. Затоа спанаќот никогаш не се готви долго и доволно е само да се вари неколку минути во зовриена вода. Првото готвење на спанаќот нема да резултира со огромно таложење на нитрозамини, но секое наредно загревање ќе ја зголеми концентрацијата. Затоа, секогаш јадете спанаќ ладен после готвењето и ќе успеете да останете здрави и да ги искористите сите корисни состојки на овој неверојатен зеленчук.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста