Утрински Весник
Свет

Евакуирани 17.000 луѓе поради шумски пожари во централна Канада

Image 2025 05 29 112526736.png

Повеќе од 17.000 луѓе беа евакуирани денеска во провинцијата Манитоба, централна Канада, откако се соочиja со многу лош почеток на сезоната на шумски пожари, соопштија локалните власти.

Во услови на глобално затоплување, Канада сè почесто е погодена од екстремни метеоролошки појави, вклучително и пожари во шумските предели во последните години. Во 2023 година, земјата ја доживеа најлошата сезона на пожари во својата историја.


– Ова е најголемата операција за евакуација во Манитоба во поново време, соопшти на прес-конференција премиерот на провинцијата Ваб Киниу осврнувајќи се на вонредната состојба во целиот регион.

Тој додаде дека веднаш ќе биде испратен воен авион за да им помогне на луѓето во најоддалечените области да се евакуираат.

Речиси 200.000 хектари шуми беа зафатени во последниот месец, што е три пати повеќе од вкупната просечна годишна површина во овој регион.

Во моментов во Канада има 134 активни пожари во неколку провинции, вклучувајќи ги Онтарио, Британска Колумбија, Алберта и Саскачеван.

Можете да прочитате

Холандија, Данска и Шведска ќе учествуваат во купување оружје за Украина

Лавров: Русија сака да ги разбере мотивите зад рокот од 50 дена на Трамп

Пет земји од ЕУ се против нов трговски договор со Украина поради загриженост за земјоделските пазари