Утрински Весник
Македонија

Евакуација во „Ист гејт“ по аларм за пожар – утврдено дека станува збор за лажна тревога

Img 4790.jpeg

Трговскиот центар East Gate Mall денеска беше евакуиран откако бил активиран противпожарен аларм кај еден од закупците во објектот.

Посетителите и вработените биле замолени мирно да го напуштат трговскиот центар, согласно предвидените безбедносни процедури и протоколи за евакуација.


По извршените проверки од надлежните служби било утврдено дека станува збор за лажен аларм за пожар, по што трговскиот центар повторно продолжил со редовно функционирање.

Според првичните информации, нема повредени лица ниту е причинета материјална штета. Евакуацијата била спроведена исклучиво како превентивна мерка по активирањето на алармот.

Можете да прочитате

Македонски возач во притвор по несреќа со Брза помош во Србија

Клековски: Да нема „слободни јавачи“ на епидемијата – Пановски му возврати да ги предупреди медиумите да не го бараат

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт